4NEWS.mk

Гори депонијата Мелци во Кавадарци

Гори депонијата Мелци во Кавадарци. Од Територијалната противпожарна единица потврдија за МИА дека пожарникари и комунални работници повеќе од четири часа интервенираат на непристапен терен опфатен со пожарот.

– Се интервенира со камиони со вода, а дел од пламените јазици се посипуваат со земја со градежни машини од локални фирми, за да се локализира пожарот, рече командирот Александар Чадамов.

Екипите остануваат на терен со цел што е можно побрзо да стават крај на пожарот и да спречат поголеми последици од него.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни