Иако е месец јануари, во Попова Шапка се уште нема снег. Сепак тоа не претставува пречка граѓаните да го посетат овој зимски центар, посебно во празничните денови.
Тие не се жалат дека нема снег, туку за другите услови кои ги нема. Шест години надлежните ветуваат жицница –шестосед, нема ни паркинг места, јавно осветлување во ноќните часови не е на задоволително ниво.
„Проблемите на граѓаните кои ја посетуваат Попова Шапка почнуваат 3 километри пред да стигнат. Поради недостигот на паркинг места се креира долга колона“, вели репортерот на ТВ21.
„Како и секоја друга година, условите не се добри. Новина за оваа година е жицницата-шестосед која е поставена, но се уште не е пуштена во функција. Проблем претставуваат и паркинг местата, но веќе се навикнавме со овој проблем“, истакна инструктор по скијање.
„Да, условите се оптимални бидејќи се уште не функционира скипасот, но времето и местото е убаво“, изјави граѓанин.
Меѓу граѓаните го сретнавме и министерот за култура, Хисни Исмаили, кој дошол да се рекреира. Тој се надева дека ќе се подобрат условите во овој ски центар.
„Општо условите не се добри. Се надевам дека во иднина ќе имаме соодветни услови“, додава Хисни Исмаили, министер за култура.
„Нема, нема услови. Нема паркинг никаде“, вели граѓанин.
„Паркингот се уште останува еден од главните проблеми. Уште пред да почне сезоната за скијање има проблеми од тој аспект, верувам дека истиот проблем го имавме и претходните години со паркингот, при што треба да се пешачи 2-3 километри за да стигнеш до ски центарот“, посочи граѓанин.
Според вработените, многу мал е бројот на туристи кои го посетуваат овој ски центар, а како причина го спомнуваат скилифтот.
Слабо, не работат скилифтовите и затоа има малку туристи.
Од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, имаат многу жалби. Тие велат дека и природата ги казнува.
„Таму горе може да се гледа разочарување, нема доволно туристи, ски центарот се уште не функционира бидејќи и Господ крена раце од нас. Немаме природен снег, освен тоа 500 илјади евра за вештачки снег кои се потрошија, ниту тоа го немаме. Треба да направиме увид каде се потрошиле тие фондови. Веќе 6 години се гради ски лифтот во Попова Шапка и се уште не е завршен“, порача Хамди Сулејмани, „Да ја спасиме Попова Шапка“.
Иако министерот за економија, Крешник Бектеши неколку пати се фалеше за пуштањето во употреба на шестоседот , тој се уште не функционира.
Сега од Министерството за економија велат дека за оваа прашање треба да прашаме во Елем Турс. Од Елем турс не ни одговорија зоштп жицницата-шестосед не функционира.
Како што поминуваат годините проблемите во Попова Шапка се зголемуваат, а досега не е изнајдено долготрајно решение, а мината година беше асфалтиран патот кој води до туристичкот центар.