4NEWS.mk

Техничкиот персонал во здравството се избори за покачување на платите

По два протести техничкиот персонал во здравството успеа да се избори за покачување на платите.

Болничарите и возачите од февруари ќе добијат за 5 проценти повисоки плати.

Без покачување остана само администрацијата за која министерот Филипче вели дека не може да се издвои од останатата администрација.

Од 20.000 здравствени работници 18.300 од февруари ќе имаат поголеми примања.

Најголема плата односно поголема за 40 проценти од  февруари ќе добијат клиничките лекари.

За покачувањето на платите во здравството издвоени се 18 милиони евра.

Александар Динев

 

 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни