4NEWS.mk

Познат идентитетот на велосипедистот усмртен во Влае

Шеесет и три годишниот П.В. од Волково е велосипедистот кој вчера доцна поладне беше усмртен во скопско Влае.

Од полицијата денес информираат дека несреќата е регистрирана на улицата .„Ацо Шопов“ во Скопје.

-„Фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(46) од с.Сарај, удрило во велосипедистот П.В.(63) од с.Волково. Од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, информираат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни