Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно традицијата кај нив во првите денови од 2020 година го искачија врвот Љуботен на 2.499 метри надморска височина. Станува збор за интерна тура, а врвот го искачија само неколкумина најподготвени и најискусни планинари.![]()
-На силен ветер и сонце кое едвај ѕирка зад облаците, љуботенци ја отворија Шарпланинската Порта. Аманетот оставен од нашите предци беше достојно испочитуван. Иако групната слика со знамето е неколку метри под врвот, силниот ветер си го направи своето. Врвот беше достојно искачен, а клубското знаме секогаш широко отворено меѓу љуботенци, информираат од ПК Љуботен.
![]()
Утре следува уште една интерна тура за најподготвените на највисокиот шарпланиски врв Титов врв. Отворените планинарски тури на кои можат да учествуваат и рекреативците започнуваат од февруари.
![]()