4NEWS.mk

Со вперен пиштол кон вработените и фантомка на себе среде бел ден ограби аптека во Капиштец

На Јутјуб каналот се појави видео снимка од неодамнешната кражба во една аптека во центарот на Скопје.

Имено среде бел ден во аптека во Капиштец крадец со фантомка на себе и пиштол во рацете влегол и ја ограбил аптеката.

На видеото се гледа како тој со вперен пиштол кон вработените бара пари, а откако ги зема си заминува.

На видеоснимката од безбедносната камера се гледа и дека овој настан се случил околу 17 часот.

 

 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни