4NEWS.mk

Земјотрес од 6,8 по Рихтер ја погоди Турција

Најмалку четири лица ги загубија животите во денешниот земјотрес што ја погоди Источна Турција со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала. Тоа го соопшти министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

– Се надеваме дека нема да има други жртви. Според сегашните информации загинати се четири лица – двајца во Елезиг и двајца во Малатија, изјави Сојлу. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни