Досегашните Влади постојано изјавуваа дека најголеми загадувачи на животната средина се домаќинствата, во меѓувреме во пракса не гледаме резултати во однос на менување на нивната енергетска ефикасност. Според податоците на Хабитат Македонија, енергетски ефикасни или со термичка изолација се само 30% од домаќинствата.
| Домаќинства со изолација | 30% | ||
| Домаќинства без изолација | 70% | ||
| 40% пониски сметки |
Хабитат Македонија пресмета дека доколку 60 станови не се со енергетска и ефикасна градба, тогаш во воздух се испуштаат над 3 илјади тони јаглерод диоксид како резултат на помала потрошувачка на електрична енергија.
Македонија усвои Закон за енергетска ефикасност кој опфаќа менување на фасадите и крововите на зградите. Овој закон ќе овозможи употреба на 25 милиони евра кредит од Светска банка. Овие средства како што изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска ќе може да ги искористат општините, но претходно ќе треба да изготват проекти.
Општините овие средства ќе може да ги искористат за фасадите и крововите на јавните институции, додека домаќинствата и натаму остануваат надвор од ова. Тие ќе останата надвор од приклучокот на гас меѓутоа како што изјави потпретседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Куштрим Рамадани, се прави анализа за вакво нешто. Оваа анализа предвидува компаниите кои ќе аплицираат за транспорт на гас, во понудата да опфатат и вклучување и инсталирање на системот за гасификација и во домаќинствата.
„Да, повеќе од очигледно е дека во овие услови иако би имало мрежа за гасификација, приклучокот не би бил едноставен. За тоа се прави студија во врска со начинот на спроведување на ширењето на гасот. Еден од условите е да бидат заинтересирани за изградба на гасификациона мрежа, да понудат што поевтини услови за приклучок“, истакна Куштрим Рамадани, Потпретседател на РКЕ.
Од друга страна, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, вели дека проблемот за вклучување на домаќинствата на системот за гасификација останува инфраструктурата. До тогаш тоа ќе се прави со субвенции за инвертори, кои останаа по општинските лавиринти а домаќинствата никако да ги добијат.
Меѓу најгусто населена општини во Македонија е Чаир каде започна гасификацијата но првата фаза предвидува приклучување на три јавни институции. Домаќинствата ќе бидат приклучени во втората фаза која е планирана за по две години.
Колку за споредба, Бугарија која веќе е дел од ЕУ, има предвидено 1 милијарда евра дополнителни средства само за ефикасно и енергетско реновирање на јавните објекти, а Македонија очекува подготовка на проекти од општините за искористување на средствата а загадувањето планира да го намали со субвенции за инвертори.