Балкан

Рекордна гужва на црногорските граници: За еден викенд регистрирани над 630.000 патници

Рекордна гужва на црногорските граници: За еден викенд регистрирани над 630.000 патници

Црна Гора изминатиот викенд забележа исклучително интензивен промет на меѓународниот патнички сообраќај на сите гранични премини при влезот во земјата, соопшти Управата за полиција на Црна Гора.

Во периодот од 31 јули до 2 август 2026 година, преку граничните премини во земјата проциркулирале вкупно 632.766 патници и 146.147 моторни возила.

Според официјалните податоци на полицијата, најголем промет на патници и возила е евидентиран на следните гранични точки:

  • Добраково: 80.694 патници
  • Дебели Бријег: 78.800 патници
  • Сукобин/Муриќани: 72.937 патници
  • Драченовац: 67.155 патници
  • Божај: 44.283 патници

Засилен фреквентност е забележана и во воздушниот и поморскиот сообраќај. На Аеродромот Подгорица беа регистрирани 35.823 патници, на Аеродромот Тиват 32.532 патници, додека преку пристаништето во Котор поминале 31.064 патници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни