4NEWS.mk

Туристи од Тајван во Хрватска носеле натписи „Не сме од Кина“ (ФОТО)

Во центарот на Шибеник вчера  минувале туристи од Тајван, носејќи натпис напишан на англиски јазик „Не сме од Кина“ (Not from China).
 
Тоа се случило поради страв од ширењето на коронавирусот, кој потекнува од Кина.
 
Водачот на групата туристи од Тајван изјавила дека една жена во центарот на градот го ставила капутот преку устата и носот кога поминала покрај нив, а вчера децата во Задар бегале од тајванските туристи.
 
Исто така и гостите од Тајван прашувале дали во Хрватска ќе сретнат групи од Кина, бидејќи и тие се плашеле од смртоносниот вирус.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни