Обвинителката Вилма Рускоска денеска по судењето за „Рекет“ во изјава за медиуми, за сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, посочи дека секој кој има сознанија или мисли дека некој судија постапува непрофесионално, тоа треба да го пријави во Совет на судии.
„Колешката Стефанова треба да ја знае процедурата. Недозволиво е вакви сомневања, после година и половина, да се изнесуваат без да биде известен Судскиот совет“, додаде таа.
Во однос на истрагата за „Империја“ и дека се води со забрзано темпо, Русковска рече дека нема информација дека се води со забрзано темпо.
– Знам дека се повикани некои сведоци и Стефанова постапува по предметот заедно со колешката Гордана Смаќовска. Така да двете треба да бидат присутни кога ќе се сослушуваат сведоци, кажа Русковска.
За тоа како ќе продолжи истрагата од таму каде што застанала, Русковска рече дека тоа зависи од колешката Смаќовска.
– Не можам сега точно да кажам, бидејќи колешката Смаќовска полека влегува во предметот и се запознава со доказите досега прибрани, како и со изјавите на сведоците. Што ќе одлучиме после тоа ќе видиме, рече Русковска.
Инаку, обвинителката Лиле Стефанова, во сведочењето за случајот „Рекет”, истакна дека меѓу лица кој вршеле притисок за случајот „Империја”, е и судијката Добрила Кацарска. Според Стефанова, судијката Кацарска, преку друго лице се распрашала за овој предмет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: