Македонија

Се срамат ли некогаш политичарите? – „Војна“ помеѓу партиите за тоа кој ги покачил пензиите

Откако вчера
Владата објави дека пензионерите јануарските пензии ќе ги добијат со покачување
за 722 денари, се јавија париите. СДСМ вели дека го враќаат достоинството на повозрасните
граѓани, бабите и дедовците. А, пак ВМРО-ДПМНЕ ветуваат дека новата влада
предводена од нив ќе го врати достоинството на пензионерите како што навистина
заслужуваат.

ТВ21 ги праша
пензионерите, а тие велат дека самите си ги заслужиле пензиите, дека ниту една
партија не се потела за нив на работа. 

Милан Живковиќ претседател на
комисијата за социјална политика вели дека просечната пензија е 15.500 денари и
е зголемена за 1.746 денари, во однос на 2016 година кога изнесуваше 13.754
денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ
велат дека не станува збор за политички маркетинг. Додаваат дека СДСМ молчи за
тоа што им ги скрати пензиите со законот за порамнување на пензиите.

Инаку вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска рече дека покачувањето на пензиите за 722 денари се должи на стабилизација на пензискиот систем во изминатите две години и дека не станува збор за популизам пред изборите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни