Денеска почна исплатата на повратот за ДДВ за граѓаните за периодот од октомври до декември. За овој период граѓаните ќе добијат 3.8 милиони евра.
Споредено со претходните три месеци сумата е зголемена. Тогаш биле исплатени 2.5 милиони евра. Зголемен е и бројот на граѓани кои скенирале сметки.
Сега поврат ќе добијат 197.819 граѓани, а во декември 147.251 граѓани.
Од воведувањето на „Мој ДДВ“ двојно е зголемен и бројот на пријави за неиздавање фискални сметки, информира директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова