4NEWS.mk

Собранието го изгласа Законот за енергетска ефикасност и ја усвоија информацијата за енормното загадување на воздухот

Во попладневниот дел на собраниската седница, пратениците го изгласаа Законот за енергетска ефикасност.
 
За законот не гласаше опозициската ВМРО-ДПМНЕ затоа што како сметаат оти тоа е хибридно законско решение кое не ги транспонира европските заложби и цели.
 
Пратениците со 73 гласа „за“ и еден „воздржан“ ги усвоија заклучоците за информацијата за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Македонија.
 
Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од 15 минути, во очекување, како што рече, на претставниците од Владата кои треба да бидат присутни на наредните точки во рамки на 130-та седница да дојдат во Собранието

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни