4NEWS.mk

Маж изгоре по удар од струја на цистерна со нафта во Илинден

Утрово на цистерна со нафта во скопската населба Илинден маж изгоре по удар од струја.

Според првичните информации на Досие, било пријавено дека маж гори качен на цистерна за нафта. Со брза интервенција на пожарната служба е спречена уште поголема трагедија. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот и да спречат да ја зафати цистерната која е полна со гориво, но и да спречат огнот да ја зафати и околината.

Полицијата и обвинител ќе вршат увид да го утврдат идентитетот на жртвата и причините зошто се качил на цистерната и како дошло моментот да го фати струја. Човекот не можело да се спаси, горела облеката и тој е целосно изгорен.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни