Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе престојува Делегација на Постојаната комисијата за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија.
Членовите на холандската делегација ќе имаат средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Никола Поповски и со членовите на Советот.