4NEWS.mk

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Вчера во 18.00 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ш.Ш.(74) од Охрид, товарно возило „даф“ со приколка, со турски национални ознаки, управувано од E.М.(45) од Р.Турција и патничко возило „сеат алхамбра“, со австриски национални ознаки, управувано од А.Л.(26) од с.Лабуништа, струшко. Во незгодата, возачот Ш.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во  Болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни