4NEWS.mk

Внимавајте лажни повици вознемируваат родители низ Скопје – „Вашата ќерка имаше сообраќајка“

Во полициската станица во Кисела Вода вчера во 16 часот, Е.М.(55) од Скопје пријавила дека на 12 овој месец на нејзиниот домашен телефон се јавило женско лице и ѝ кажало дека направило сообраќајна незгода, по што веднаш се јавило машко лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода и дека треба да плати одреден износ.

Според пријавата, откако таа му одговорила дека нејзината ќерка е дома, лицето ја прекинало врската. Се работи на расчистување на случајот.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни