4NEWS.mk

Џафери го потпиша решението за распишување на изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери  вечерва го потпишал  решението за распишување на изборите, кои беа договорени да се одржат на 12  април годинава.
 
Во пресрет на предвремените парламентарни избори Собранието на Република Македонија попладнево се распушти, а потоа Џафери почитувајќи ги роковите за одржување на изборите на 12 април го потпишал решението.
 
Државната изборна комисија го очекува официјалниот документ од претседателот на Собранието Талат Џафери, по што во 20 часот и 30 минути ќе одржи седница со повеќе  точки на дневниот ред поврзани главно  со предвремените парламентарни избори на 12 април. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни