Венко Филипче, министерот за здравство на својот профил на „Фејсбук“ објави дека се обезбедени 55 респиратори, кои наскоро ќе бидат на располагање во борбата со коронавирусот. Ова вчера го истакна и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Респираторите доаѓаат како помош за земјава од ЕУ. Наскоро ќе бидат дистрибуирани во Македонија.
Извор: ТВ21