Македонија

Осум автобуси подготвени ги чекаат патниците од Бон да пристигнат на скопскиот аеродром

Вечерва на скопскиот аеродром треба да пристигнат уште 181 македонски државјани од Бон, Германија. 8 автобуси се подготвени, со темелна дезинфекција, со заштита на возачите и со обезбедени закуска и вода за патниците. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде ќе поминат 14 дена во изолација.
Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни