Македонија

Зајкова: Гласно и почесто да говориме за интелектуалната сопственост

По повод Светскито ден на интелектуалната сопственост, потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова вели дека гласно и почесто треба да се говои за интелектуалната сопственост.

Процентот на жени иноватори во 60тите изнесувал 3%, додека денеска изнесува фантастични 30%. Тоа е показател дека општеството се менува а жените сигурно и стабилно чекорат и творат.

👥Светскиот ден на интелектуалната сопственост, 26-ти април, нека не потсети на нејзиното значење како човеково право, заштитено во меѓународното право.

🗣Интелектуалната сопственост иако не претставува актуелна проблематика, во себе ја вклучува заштитата на правата кои се елементарни за развојот на музиката, уметноста, книжевноста, науката. Како и за развој на технолошките иновации, кои се силни чинители за брз развој на локално и глобално ниво.

⭕️Значењето на заштитата на правата од интелектуална сопственост, подигањето на свеста за важноста на иноваторството, пронајдоците, патентот, авторството, заштита на правата на уметниците, музичарите, изведувачите, авторите, коавторите, пронаоѓачите, иноваторите – треба да е во фокусот на државата, но и на институциите, компаниите и граѓаните секој ден.

🇲🇰Македонија е членка на меѓународните организации кои ја третираат оваа област, а истата ја уредува со два главни закони: Законот за авторското право и сродните права и Законот за индустриска сопственост.

⭕️Свеста за значењето на заштитата на овие права сеуште е многу ниска, оттука потребна е постојана дискусија за значењето на истите и нивната примена.
⭕️Зголемување на интересот за работа на проблематиката од оваа област.
⭕️Праксата кај нас покажува низа недостатоци при регулирање на заштитата на правата од интелектуалната сопственост, што создава простор за поголеми заложби во оваа област.

❗️Затоа ГЛАСНО и почесто да говориме за интелктуалната сопственост.

#WorldIntellectualPropertyDay

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10222541044255480&set=a.2882420780252&type=3

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни