Донесена е пресуда во врска со нападот на автобусот на тимот на Борусија Дортмунд кој се случи на 11 април 2017 година, непосредно пред натпреварот со Монако во Лигата на шампионите.
Иако обвинителството побара доживотен затвор за обвинетиот Сергеј В., тој беше осуден на 14 години затвор.
Сергеј признал дека нападот го сторил за да ги намали акциите на клубот од Дортмунд, но Русинот додал дека немал цел некого да убие.
Судот сослуша и неколку играчи на Борусија, меѓу кои и голманот Роман Вајденфелер кој истакна „Животот ми се смени после тој настан“.
Фудбалерот Марк Бартра беше повреден во нападот на автобусот, откако имаше исекотина на раката. Се стравуваше дури и со ампутација.
Нападот со две бомби се случи на улица во Дортмунд додека автобусот ги носеше играчите на натпреварот со Монако. Истиот беше одложен и се одигра следниот ден, а Борусија го загуби со 2:1. Како причина за поразот се наведе токму и нападот, и психилошкиот притисок на играчите кои истакнаа дека во тие мигови „паметот им бил на друга страна“ и се среќни што останале живи.