4NEWS.mk

Забрчанец во самоизолзација по состанок со Зекири

По веста дека другарот Мухамед Зекири има позитивен Ковид-19 тест, на препорака на епидемиолозите од денес сум во домашна самоизолација, пишува Марјан Забрчанец на Фејсбук.

„Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1.5 м растојание, со заштитна маска и со сооветна дезинфекција пред и после состанокот. Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата. На Мухамед и семејството им посакувам брзо оздравување. Сите да ги почитуваме доследно мерките и препораките на епидемилозите и на тој начин да се заштитиме самите себе и сите околу нас“, напиша Забрчанец.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни