Македонија

AA бара Антикорупциска да не го замолчува скандалот со Назим Буши

AA бара Антикорупциска да не го замолчува скандалот со Назим Буши

Од Алијанса за Албанците денеска велат дека поминале две недели откако тие до Државната комисија за спречување корупција доставиле пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, Заменик министер за внатрешни работи.

Како што велат, до денес, оваа Комисија нема преземено никакво конкретно дејствие или одговор на извештајот, освен телефонска потврда дека пријавата е примена.

„Алијанса за Албанците денеска јавно бара Јавното обвинителство да го истражи скандалот на Заменик министерот, Назим Буши, во врска со неговиот престој во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година. Овој престој е вреден десетици илјади евра но, кој што, според заменик министерот, го плаќаат непознати лица, што според важечките закони претставува незаконски подарок.

Неуспехот на надлежните институции да го истражат овој коруптивен случај уште повеќе ги зајакнува сознанијата дека кај нас нема правда и дека таа е во служба на политиката и организираниот криминал. Со непостапувањето на Државната комисија за спречување корупција, за жал оваа институција се реди во иста група со партизираните судови и обвинителства“, велат од партијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни