Единствениот македонски претставник во АБА кошаркарската лига МЗТ Скопје е поразен од Широки Бријег на гостински терен со 89-77 што е трет пораз во серија за македонскиот претставник во второто по вредност регионално натпреварување.
Уште на крајот од првото полувреме домашните имаа опиплива предност од 8 поени што во вториот дел знаеше да го претвори во победа предводени од Дрезњак кој забележа 20 поени.
Кај „Металците “ се истакна Хиндс со 18.
