Македонија

Адеми: Учениците утре да бидат во училиштата, јас не се сеќавам дали некогаш имало штрајк кога се покачувало плата

Учениците утре да бидат во училиштата и за 260.000 ученици нормално да започне новата учебна година, побара министерот за образование, Адеми.

„Ние ги почитуваме одлуките на СОНК и на кој било синдикат. Политуваме синдикално организирање и делување. Наше е да апелираме учениците да бидат во училиште. И озатоа објаснуваме дека нема причина да се организира штрајк. Сите сме на иста страна, досега сме покажале и докажале дека има силна заложба за тоа. Јас не се сеќавам да имало штрајк кога се покачувала платата“, рече министерот за образование на наука, Арбер Адеми.

Во училишните клупи утре за прв пат ќе седнат околу 20.000 првачиња. Министерот потенцираше дека платата во изминатата година се покачила за 10,8% и вети дека ќе има повторно покачување.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни