Македонија

Адијан има 4 години и не зборува – пореметување кај децата поради технологијата, психолозите алармираат: зборувајте со децата!

Ова е Адијан. Тој наполни 4 години но се уште не зборува. Неговата мајка Вљора вели дека причина е прекумерната употреба на интернетот и технологијата воопшто.  Сега на Адијан му треба посебен третман, а мајка му се обратила кај психолози и логопеди.

Психологот Земрије Беља Весели вели дека бројот на деца кои се под влијание на технологија се повеќе расте а виновни се родителите. Таа во моментов работи со десетина деца.

Психолозите апелираат сите родители да се занимаваат повеќе со децата и да ги држат подалеку од технологијата. Психологот Земрије вели дека технологијата и интернетот не се штетни само за децата туку и за повозрасните генерации. Според една студија, децата на возраст од 2 години гледаат во екран најмалку еден час во ден или до 9 години седат и до 7 часа дневно пред екран. Низ многу земји во светот, телефоните се забранети за употреба во училиштата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни