Адвокатот на Бојан Јовановски познат како Боки13, Сашко Дуковски изјави дека поединци се плашат од пораките кои ги имал Боки 13 во неговиот телефон.
Боки 13 денеска во Кривичниот суд рече дека дел од информациите кои ги имало во неговиот телефон, ги нема во дискот што го добил од МВР.
„Доколку се докажат нашите тврдења, некој дебело ќе одговара од таму. Судот тука воопшто можеби не е виновен затоа што судот изиграва еден вид трансмисија и тоа е обезбедено од страна на МВР. Но, внимавајте, цел фолдер, се работи за илјадници, некаде околу 200.000 пораки на „Whatsapp“. Тие се избришани од хард дискот. Ги нема. Каде се тие? Како ние ќе ја утврдуваме фактичката состојба во овој конкретен предмет“, вели Дуковски.
Освен Боки 13, во случајот Меѓународен сојуз, се гонат и неговиот татко, вработени во невладината и екс пратеничката Фросина Ременски. Обвинети се за измама на двајца бизнисмени.