Поврзи се

4NEWS.mk

Агрегатот на Гинекологија работи, тврди министерот за здравство

Published

on

Техничките служби на Клинички го информирале министерот за здравство дека агрегатите кои ги имаат Клиниките се во ред и нема потреба од било какви интервенции. 

-Текстот продолжува по рекламата-

Исправен бил и агрегатот на Гинекологија тврди Филипче, иако вчера имаше информации дека во периодот кога Клинички останал без струја на ГАК се вклучил само УПС системот а не и агрегатот.

За функционалноста на овие уреди била задолжена Службата за општи и заеднички работи која е во кругот на Клинички центар.

И додека надлежните тврдат дека се е во ред, вчера поради немањето на струја се исклучиле компјутерите во амбулантите а со тоа паднал и „Мој Термин“,  па закажаните пациенти морале да чекаат. На социјалните мрежи, пак, имаше коментари дека и операциони сали на Гинекологија биле во темница.

Сања Димитровска 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com