Централното раководство на ДУИ одржа редовен состанок кој траеше неколку часа. Темите за кои било дискутирано се актуелните политички случувања, аспирациите на државата за членство во НАТО и ЕУ, но и планот и програмата на партијата за делувањето во наредните неколку години.
По завршувањето на средбата лидерот на партијата одговори на неколку прашања од страна на новинарите, меѓу кои се и последните случувања со СЈО. Ахмети изјави дека актуелниот закон за СЈО мора да се почитува се додека не се донесе нов.
За случајот со Џеват Адеми, кој според информациите пред повеќе од еден месец пукал со пиштол на свадба и несакајќи го ранил и својот син, Ахмети вели дека медиумите се тие кои што прават драма од сето тоа. Воедно ги повика органите на правдата да го истражат случајот и да ја соопштат вистината на јавноста.
-Треба да се почитува законот за СЈО и да се постапува согласно законоските рамки постигнати меѓу сите страни. Ние бараме овој закон да се почитува, секое отстапување од законот има последици за земјава за правниот систем на РСМ. Што се однесува до прашањето за Џеват Адеми истото го драматизираат медиумите, а органите на правдата и истражните органи треба да ја кажат вистината. Никој нема да го убие синот, пријателот, Џеват не е таков, изјави Ахмети по состанокот во седиштето во Мала Речица.