Балкан

„Ако ја бутнеме и Владата во Скопје, значи Петков е сојузникот на Путин на Балканот“, вели Борисов

Лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов ја повика  владејачката партија да ги достави буџетот и францускиот предлог за Северна Македонија во Парламентот, пренесува Вести.бг.

Тој ги повика на нова средба со пратениците од ГЕРБ, и пратениците од другите парламентарни партии каде треба да се донесе одлука за Република Северна Македонија.

Според него, владејачката партија паднала од власт поради ароганција, што довело и до нејзина изолација во парламентот.

Тој не го криеше ниту својот гнев, испровоциран од зборовите на премиерот во заминување Кирил Петков дека денеска не може да се започне процесот.

„Да не ја скршиме владата на Северна Македонија и да не правиме штета. Ако се случи ова, вие господине Петков сте сојузник на Путин на Балканот! Затоа, ве молиме, наредете и на вашата партија да придонесе, да биде лидер. Денеска ќе си заминете со одлука и сите ќе ви аплаудираат“, му порача Борисов на Петков.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни