Ако го најдат, ќе бидат потребни часови за да ја извадат подморницата
Ова го изјави морскиот истражувач д-р Дејвид Гало во емисијата „Добро утро Британија“, цитирана од „Гардијан“.
Претходно, спасувачките тимови повторно објавија дека слушаат звуци во интервал од 30 минути.
„Овие звуци се повторуваат. Три различни авиони ги пресретнале во исто време и веќе повеќе од два дена траат. Нема многу работи во светот за кои знаеме дека можат да произведат звук во интервал од дури 30 минути“, рече Гало.
„Во оваа фаза треба да претпоставиме дека тоа е подморницата, да стигнеме до локацијата, да ја одредиме и да ги лансираме подводните роботи за да откриеме дали е таа. Сите тимови треба да бидат подготвени во случај звуците да се реални. А сепак, спасувачката операција за да се извади Титан на површината ќе трае со часови“, додаде тој.