Доколку проектот и изведбата одат заедно во Скопје за 4 години ќе биде готов новиот Клинички центар кој ќе биле лоциран во Ѓорче Петров, рече Министерот за здравство, Венко Филипче.
За овој паралелен модел веќе се разговарало со компании кои граделе низ Европа, иако претходно веќе имаше готов проект за Клинички сепак тој бил парцијален, додава Филипче.
„Идејата е да се скрати времето за распишување посебни огласи за проект и изведба и сега ги разгледуваме можностите. Треба да видиме дали тоа може да се изведе согласно Законот за јавни набавки. Клиничкиот центар ќе го гради државата, а со Министерството за финансии разгледуваме од каде би можело да се обезбедат пари за финансирање. Воопшто не ги опфаќаше ниту хируршките сали, ниту хируршките оддели. Сè уште ќе останеа неколку објекти надвор и сметаме дека тоа ќе беше парцијално решение кое можеби сега ќе чинеше поевтино, но на долги патеки многу поскапо за нашите граѓани. Со нов Клинички центар ние го решаваме овој проблем за следните неколку децении“, изјави Министерот за здравство, Венко Филипче.
Откако беше донесена одлука дека новиот Клинички ќе биде лоциран во Општина Ѓорче Петров, општината треба да изготви урбанистичко-планска документација за уредување на земјиштето.
Претходно, како можна локација пред одлуката се споменуваше и Општина Петровец.