Ако ве болат мускулите и секогаш сте уморни, задолжително јавете се на лекар – ова се 2-те најрани симптоми на ОВАА болест!

Лајмската болест не е толку честа, но доколку се утврди, мора да се реагира на време.

Д-р Мајкл Варшавски на својот канал на Јутјуб зборуваше за случајот со човек на кој му беше погрешна дијагноза и за малку ќе го загубел животот поради тоа. Докторот рекол дека се работи за помлад маж кој бил подебел и пријавил три главни симптоми.

„Имав болки во мускулите, болки во зглобовите и исцрпеност. Секој лекар што ме прегледа ми кажа дека имам артритис предизвикан од прекумерна тежина”, се пожалил пациентот.

Добил масти и лекови против болки за кои не е потребен лекарски рецепт и го испратиле дома. Но, состојбата се влошила и тој добил и осип на кожата. Завршил во Брза помош!

Д-р Варшавски веднаш се посомневал во дијагнозата, бидејќи му се чинело дека пациентот е премлад за ваков здравствен проблем. Затоа ја прегледал својата документација и ја нашол вистинската дијагноза. Човекот имал Лајмска болест!

„Сакам да привлечам внимание на фактот дека лекарите погрешно ќе припишат многу проблеми на прекумерната тежина. Овој човек имаше болест која никој од нив не ја препозна, а која може да му го оштети срцето, па дури и да предизвика прерана смрт, што остана недијагностицирана“, предупредува докторот.

„Ако го погледнете текот на болеста, ако разберете дека симптомите го покриваат целото тело, бидејќи вклучуваат болка и замор, дека се прошириле на кожата, сето тоа укажува дека се работи за системско заболување. Сфатив дека има Лајмска болест. Да не се лекуваше правилно, ако имаше невролошки или кардиоваскуларни компликации, можеше да заврши во болница и да го загуби животот поради аритмија. Затоа сакам да им кажам на колегите – дебелината не е секогаш причина за проблемите, а пациентите заслужуваат да ги истражат сите нивни проблеми“, вели тој.

Лајмската болест е инфекција предизвикана од спирохетата бактерија Borrelia burgdorferi (Bb), која на луѓето се пренесува преку инфицирани крлежи од родот Ixodes.

Лајмската невроборелиоза е болест на централниот (мозокот и ‘рбетниот мозок) и периферниот нервен систем (нервите) предизвикани од овој предизвикувачки агенс, што сочинува 10-15% од сите случаи на Лајмска болест и има потенцијално најтешки последици.

Најчести манифестации на мозокот и периферните нерви се радикулитис и/или невритис, менингитис и енцефалитис во втората фаза на Лајмската болест и невритис, енцефалопатија и енцефаломиелитис во третата фаза.

Секоја фаза трае околу една година и крлежот се храни само еднаш во секоја фаза, зголемувајќи се неколку стотици пати. Резервоар на Bb инфекција се животни, најчесто мали глодари.

Симптоми на Лајмска болест се:

Најчести се болките во зглобовите и мускулите и чувството на замор, а потоа:

  • Осип и црвенило
  • Покачена температура
  • Отечени лимфни јазли

Во напредната фаза, нетретирана Лајмска болест ги дава следниве симптоми:

  • Парализа на мускулите на лицето
  • Воспаление на менингите
  • Воспаление на зглобовите
  • Забрзан пулс
  • Миокардитис
  • Трајно оштетување на нервниот систем
  • Артритис поради нервна невропатија

Поврзани вести

Одложени продолженијата на „Невозможна мисија“

Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс. „Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во...

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија. На средбата беше истакнато дека...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време...

Еве што се собира прашина во вашиот дом

Време е за општа заштеда, и без разлика од кој извор на нередот, оваа листа ќе ви помогне да го елиминирате она што не ви треба, за да можете да направите простор...

Најважното

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се...

Ковачевски и Петков: Да работиме на потенцијалите и предностите и да оствариме напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“,...

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на...

718 нови случаи на ковид-19 – пријавени се 22 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.044...