Македонија

Актерите со полицијата изнесени од театар – Вишка: Никој не смее да ја попречува работата

Тензии во Гостиварскиот театар. Актерите Берат Салиу и Арѓенд Асани вчера биле изнесени од театарот со полиција.

Вишка вели дека на актерите не им се допаднало организацијата на претставата и дека тие самите не сакале да бидат дел од истата.

Но актерите негираат. Велат дека не биле официјално известени дека се отстранети од претставата.

Берат Салиу вели дека настанот има политичка позадина.

Вишка вели дека неколку пати ги предупредил дека не се дел од претставата и дека има документи. Според него, тие самите се жалеле и не сакале да бидат дел од претставата. Вишка додаде дека ќе ги тужи Салиу и Хасани доколку во рок од 8 дена не ги вратат парите замени за претставата.

Двајцата актери во претставата ќе ги заменат Сенад Абдули и Елмир Сејфулаи. Вишка вели дека отсега објектот  на „Културен дом„ ќе го чува агенција за обезбедување. Пробите на претставата „Натан мудриот“ започнаа во април годинава. Според Вишка премиерата ќе биде кон средина на декември. За оваа претстава се издвоени 1.5 милион денари, а режисер е Сулејман Рушити.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни