Арон Ајзенберг, актер кој во серијата „Ѕвездени патеки“ го играше Ференги Ног почина на 50 години. Неговата сопсруга Мелиса Лонго тажната вест ја објави на својот Фејсбук профил.
-Со голема тага објавувам дека мојата љубов и најдобар пријател Арон Ајзенберг почина. Беше чувствителен, духовит и грижлив. Додека нашиот брак на хартија беше краток, нашите срце беа заедно подолго време. Благодарна сум за времето што го поминавме заедно, напиша Мелиса, со која актерот тајно се ожени пред неколку месеци.
