Активни случаи по скопските општини: Аеродром и натаму со најмногу заразени

Во сите скопски општини и натаму расте бројката на новозаразени, по новиот есенски бран на коронавирусот.

Денеска во главниот град се регистрирани 390 нови случаи, од вкупно 862 новозразени на територијата низ цела Македонија.

Во Скопје во моментов активни случаи се 4138, од вкупно 12.753 дијагностицирани случаи од почетокот на пандемијата.

Најмногу активни случаи има и натаму во Аеродром – 760 активни во моментов, а потоа следува Карпош со 610. На трето место е Општина Центар со 573 активни случаи. Најмалку во Арачиново – 8 активни случаи.

.

Извор: ТВ21