Македонија

Акцизите и данокот утре во 15 часот пред пратениците, Џафери свика седница

Измените на законот за ДДВ и акцизи стигна во Собранието, а претседателот Талат Џафери за утре во 15 часот закажа седница.

Станува збор за законите кои ќе треба да се намали акцизата и данокот со цел справување полесно на граѓаните со економската криза.

Владата попладнево ги испрати измените и дополнувањата до Парламентот. Како што наведе во дописот, овие предлог-решенија треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни