Македонија

Албанската опозиција му одговори на Ахмети: ДУИ ретерира, ајде да ги измериме силите на избори

Албанската опозиција ја нарече пишманење вчерашната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во врска со консензуален кандидат. Од Движење Беса залудна ја сметаат поканата на Ахмети за било каков кандидат, бидејќи, како што велат тие, постои заедничко место што се нарекува Тркалезна маса на албанските партии.

„Јас не би го нарекол тоа разочарување на г. Ахмети колку што би рекол дека станува збор за ретерирање од позициите на ДУИ во последно време. Не се прават јавни покани за вакви избори така како што направи г. Ахмети, за среќа постои механизам за албанските партии а тоа е тркалезна  маса на парламентарните партии и доколку има прашања кои треба да се разговараaaт. Не случајно и пред да даде изјава г. Ахмети, рековме дека главното начело за овие избори, е максимално да го зајакнеме албанскиот глас“, изјави Аријанит Хоџа од Двежење Беса.

Алијанса за Албанците оди чекор понатаму предизвикувајќи го лидерот на ДУИ за предвремени парламентарни избори.

„Пишманењето и политичкиот дилетантизам немам како поинаку да ги коментирам. Опашката на ДУИ е многу долга, почнува од лидерот и продолжува кон пониските нивоа. За предлозите, какви и да се тие, што бараат заеднички став од целиот албански политички спектар, Албанците веќе имаат политички инструмент што се вика Тркалезна маса на албанските парламентарни партии. Такви иницијативи немало, затоа неговиот очај е лажен. Нека прифати предвремени парламентарни избори и потоа нека се соочи со вистинскиот очај.“ – Алијанса за Албанците.

Во текот на вчерашниот ден, лидерот на ДУИ рече дека е разочаран од албанските политички партии по одбивањето за заеднички албански претседателски кандидат. Движење Беса на Биљал Касами следната недела ќе излезе со став за претседателските избори. Не се исклучува можноста Беса и Алијанса за Албанците да излезат со заеднички кандидат.

Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни