4NEWS.mk

Албански државјанин починал во Струга

Седумдесет и тригодишно лице од Тирана без знаци на живот ноќеска било донесено на Интерното одделение во Општата болница во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека 10 минути по полноќ од Итната медицинска помош на Интерното одделение без значи на живот бил пренесен Ф.С. (73) од Тирана, Албанија.

По извршен лекарски преглед, како што е наведено во информацијата, врз неговото тело, не биле забележани траги на насилство. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни