Албанскиот претседател Илир Мета вчера доцна попладне престојувал во Приштина каде се сретнал со поранешниот косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Претседателот Мета на Фејсбук изјави дека е среќен што се сретнал со Харадинај во Приштина.
– Среќен сум што се сретнав со премиерот Рамуш Харадинај во Приштина. Горд со неговиот инспиративен карактер, напиша Мета.
Веста за средбата на Фејсбук ја објави и Харадинај, објавувајќи и фотографии од средбата.
– Посебно задоволство да го сретнам во Приштина, претседателот на Албанија, Илир Мета, заедно со ќерката Бора. Добар повод за размена на мислења за политичката реалност во Косово, Албанија и во регионот. Во процесите низ кои минува Косово, заедничкиот ангажман во пресрет на предизвиците го засилува албанскиот фактор, напиша Харадинај.
– Горд на Рамуш Харадинај и убеден во неговата невиност. Не постои притисок кој може да го скрши државникот и народен херој. Од денес сите треба да спиеме помалку, да се загрижиме повеќе и посилно да се обединиме Косово и нашиот регион да не бидат под закана на мирот, безбедноста и европската иднина, напиша Мета.
Инаку поради политичката активност сопругата на Мета, Моника Круемади, која е лидерка на партијата Социјалистичко движење за интеграција, „прва дама на Албанија“ е нивната ќерка Бора.
