Албина Келменди: Косово и Албанија се како брат и сестра, мајка ни е голема Албанија

ПРЕТСТАВНИКАТА на Албанија на Евровизија, Албина Кељменди изненади со својата изјава на прес-конференцијата во Ливерпул. „Вашето семејство не ја претставува само Албанија, туку и Косово. Како вашиот град во Косово го доживува овој момент со вас? беше прашањето што и беше поставено.

„Ние сме од иста крв, од иста националност сме. Косово и Албанија се како брат и сестра и имаме мајка која е голема Албанија. Верувам дека се многу возбудени. Веќе ја видовме сета љубов и поддршка што ни дадоа деновиве. Не знам што се случи, навистина се случува таму, но се надевам дека ќе ги видиме сите кога ќе се вратиме“, одговори пејачката и го предизвика гневот на српските медиуми.

Инаку, Албанија е првата земја која синоќа беше прогласена за финалист на Евровизија во втората полуфинална вечер од натпреварувањето. Освен неа во финалето се пласираа и Ерменија, Австралија, Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Литванија, Полска и Словенија.