Фармацевтската компанија Алкалоид бележи раст во сите сегменти од работењето во првото полугодие од оваа година.
Се вчитува...
Според неревидираниот шестмесечен извештај, компанијата има зголемена продажба за 13%.
Продажбата на домашен пазар е зголемена за 6%, а извозот за 21%. Алкалоид најмногу извезувал до Русија каде е забележан раст од 95%, во Германија се извезени 49% повеќе стоки, во САД за 15%
Нето добивката за периодот јануари јуни е зголемена за 22%. Вкупните инвестиции во основни средства во истиот период изнесуваат 6, 8 милиони евра, а реализирани се и 80 нови вработувања.
