Поради зголемувањето на бројот на заразени лица со Делта сојот на ковид-19, компанијата Амазон одлучи да го одложи враќањето на вработените во канцелариите.
Оваа одлука ќе биде до почетокот на следната година.
Инаку, првично беше планирано вработените за е-трговија во неколку земји, вклучувајќи ги и САД, да започнат да се враќаат во канцелариите од 7 септември оваа година, но тој датум сега е преместен на 3 јануари 2022 година, изјавија од Амазон за Си-Ен-Ен.
Кога ќе се вратат на работа, вработените ќе мора да носат маски во канцеларија, освен ако не покажат потврда дека се вакцинирани.