Руската амбасада во Данска денес објави дека руската страна ги отфрла шпекулациите за вмешаност во инцидентот кога неколку беспилотни летала прелетаа над аеродромот во Копенхаген во вторникот, што доведе до негово затворање.
„Очигледно е дека инцидентите поврзани со пријавените нарушувања на данските аеродроми се инсценирана провокација. Нема сомнение дека тие ќе бидат искористени како изговор за понатамошно ескалирање на тензиите во интерес на силите кои се обидуваат со сите средства да го продолжат украинскиот конфликт и да го прошират во други земји. Руската страна решително ги отфрла апсурдните шпекулации за вмешаност во инцидентите“, соопшти амбасадата во објава на Телеграм.
Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен претходно денес изјави дека ноќните летови на беспилотни летала над данскиот воздушен простор претставуваат „хибриден напад“ кој се чини дека е дело на „професионален актер“, но дека беспилотните летала не биле лансирани од голема далечина и дека во моментов нема докази за руска вмешаност.
Амбасадата на Русија во Данска: Немаме никаква врска со дроновите над аеродромот во Копенхаген