Амди Бајрам имал посмортен тест на коронавирус, пренесува „Фокус“, потпирајќи се на изјави од болницата „Жан Митрев“.
Поранешниот пратеник пред неколку дена правеше свадба за својата внука во Турција, поради забраната да се прават свадби и други семејни веселби во нашата земја.
Од тука, епидемилозите ќе ги бараат контактите од присутните од свадбата. Во зависност од ризикот на зараза, ќе биде определено кои ќе бидат тестирани. .
Бајрам почина денеска од срцеви проблеми на 64-годишна возраст.
Во последните месеци имаше здравствени проблеми, и му беше ампутирана ногата, по што се повлече од политиката. По долго време пратеничка функција, сега не стана пратеник во новиот парламентарен состав.
.
