Најмалку 140.000 домаќинства останаа денеска без струја кога силно невреме погоди делови од Франција, а многу патишта се блокирани поради откорнати и паднати стебла.
Бурата Амели донесе и поплави на југоистокот од земјата.

Од еден камп се евакуирани 47 лица. Железничкиот сообраќај на повеќе пружни правци е исто така во прекин.

Ударите од ветрот достигнуваа и до 160 километри на час.

Бурата се преместува кон внатрешноста на земјата и нејзиниот интензитет слабее, соопшти националната метеоролошка служба.