4NEWS.mk

Американскиот министер за одбрана допатува во Авганистан

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска пристигна во Авганистан во момент кога САД повторно бараат да ги започнат разговорите со талибанците, откако претседателот Доналд Трамп ги прекина минатиот месец.

– Целта е сè уште да се постигне мировен договор во одреден момент, политички договор што би бил најдобриот пат за напред. Се надевам дека можеме да одиме напред и да постигнеме политички договор што ги исполнува целите што ги сакаме, изјави Еспер.

Еспер изрази надеж дека САД можат да повлечат неколку илјади војници и да го намалат нивниот број на 8.600 без да ја загрозат борбата против Ал Каеда и Исламската држава, но додаде дека одлуката за какво било повлекување ќе биде дел од мировниот договор со талибанците.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни