Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
4NEWS.mk

Американските сили се повлекоа од Сирија и ја уништија својата база

Американските трупи кои се повлекоа од Сирија ја уништија својата база со пистата за воени транспортни авиони и хелиодромот во таа земја, објави денеска сириската новинска агенција Сана.

Според агенцијата, базата што се наоѓа во близина на Тел Бајдар била целосно уништена по повлекувањето на американскиот контингент.

Покрај тоа, американските трупи треба да се евакуираат од базата „Лајф Стон“ во близина на браната на Еуфрат во покраината Хасаках.

Пред неколку дена американските сили ја уништија и својата база во близина на сирискиот град Ајн ал Араб, која се наоѓа на 150 километри од Алепо.
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни